На овој ден пред шест години, тимот на РК Вардар успеа по втор пат да ја освои СЕХА-лигата. На завршниот турнир на најдобрите четири екипи, во големото финале, црвено-црните го победија тимот на Брест Мешков (29:27).
Најефикасни на тој финален дуел беа Тимур Дибиров кој постигна 11 гола, и беше прогласен за МВП на завршниот турнир, додека Душебаев и Карачиќ додадоа по 4. На голот одличен беше Инаки Малумбрес кој фналето го заврши со 10 одбрани.
Претходно во полуфиналето, избраниците на Гонзалез полесно од очекувањата го победија високо Загреб со резултат 30:22. Третото место пак му припадна на ППД Загреб кој беше подобар од Татран Прешов.