Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) На денешен ден пред шест години: Преполна сала, голема победа и неверојатна атмосфера!

(ФОТО) На денешен ден пред шест години: Преполна сала, голема победа и неверојатна атмосфера!

11070521_881067825283810_6442081290707028565_n

Пред точно шест години, Вардар одигра еден од најдобрите натпревари, откако на чело на клубот застана Сергеј Самсоненко. Во рамките на 1/8 финалето од Лигата на шампионите, на свој терен, ,,црвено-црните” мораа да анулираат негатива од шест голови во дуелот со Висла Плоцк, доколку сакаа да се пласираат во 1/4 финалето.

Вардарци предводени од Раул Гонзалез, со Штербик на голот, потоа Карачиќ, Горбок и Душебаев го „растурија“ полскиот тим и славеа убедливо со резултат 31:20.

Тоа беше навистина одличен натпревар на кој присутната публика уживаше, а арената, С.Ц. ,,Јане Сандански” беше преполна со феноменално навивање во текот на сите 60 минути.