Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Охрид даде отпор само во првото полувреме, Вардар стигна до втор триумф во Супер лигата
Охрид даде отпор само во првото полувреме, Вардар стигна до втор триумф во Супер лигата

Охрид даде отпор само во првото полувреме, Вардар стигна до втор триумф во Супер лигата

Вардар стигна до втора победа во рамките на плеј-офот од супер лигата. Вечерва гостувавме кај екипата на Охрид која ја победивме со резултат 19:23.

Вардарци не го отворија добро овој натпревар. Откако имаа предност од 2:3, со головите на Стоилов, Талески и Гаџа, следеше серија на домашниот тим од 4:0, а момците на Алушовски долго време не можеа да го совладаат домашниот голман, Јагош Брауновиќ кој до 13 минута имаше четири одбранети удари, од кои и еден седмерец на Дибиров. Охрид играше цврсто во одбраната и смирено во нападот, поведе и со 6:3, додека Дибиров со вториот обид од седум метри го прекинува нашиот лош периот. На голот кај Вардар, беше Борко Ристовски кој до 17 минута ја забележа и својата трета интервенција. На стартот од натпреварот шанса во нападот доби и младиот Томислав Јагуриновски, на кој друштво во бековската линија му праеа и Талески и Гаџа, додека на крилните позиции ги имавме Дибиров и Георгиевски, а на пикер започна капитенот Стоилов. Се уште не можевме да го фатиме потребниот ритам, со оглед дека за 20 минути игра имавме само пет постигнати голови, откако во листата на стрелци се запиша и Јагуриновски, но само за да намали на 7:5. При резултат од 8:5, тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, се реши да го побара својот прв тајмаут. Нема Дибиров денес свој ден, и втор пат не успева од пенал да го совлада Јагуриновски, пропуштајќи шанса да го израмниме резултатот, односно голманот на Охрид имаше двојна интервенција. Георгиевски ги корегира промашувањата на руското крило, па со неговиот погодок успеваме по подолго време да го израмниме резултатот на 8:8 на истекот на 24 минута од дуелот, за истиов играч да ни ја врати предноста од 8:9. Дибиров нема свој ден, имаше можност со звукот на сирената да ни донесе и два гола позитива, ја погоди само пречката, па на полувреме резултатот гласеше 10:11 во корист на Вардар.

Со првата одбрана на Марко Кизиќ спречивме израмнување на резултатот, но ние играме лошо во нападот повторно, односно Јагуриновски прави две грешки, па му овозможува на домаќинот да израмни. Вардар се мачи да се одлепи резултатски, ваков тек на натпреварот највеќе му одговора на противникот кој се надева дека може да изненади. Добро е што ги имаме расположените Кизиќ и Георгиевски, благодарение на нив имавме за прв пат позитива од два гола во 39 минута од мечот. Браво за младиот Кизиќ кој ја забележа и четвртата одбрана која беше наградена со нов гол од пенал на Шевалевиќ, за највисоки 15:18 за Вардар во 46 минута, по што противничкиот тренер, Раде Стојановиќ, беше принуден да побара минута одмор. Георгиевски денес беше расположен за игра, па со својот седми гол ни донесе и предност од 17:21 во 20 минута, додека Кизиќ ја забележа и 6 одбрана. Падна концетрацијата кај екипата на Охрид, која тешко го пронаоѓаше патот кон нашиот гол, останаа уште седум минути за игра а вардарци имаа пет гола позитива. До крајот го задржавме водството за конечен триумф со резултат 19:23.

ВАРДАР 1961: Ристовски, Шеваљевиќ 4,Јагуриновски 2, Стоилов 3, Георгиевски 8, Крапалевски, Дисингер, Калараш, Гаџа 3, Талески 1, Дибиров 2, Векиќ, Атанасовски, Мишевски, Кизиќ.