Изминатиов период се одигра и 21.коло во ракометната Супер Лига. Вардар продолжи со победите и на тој начин го одржи чекорот за шампионската титула со екипата на Еурофарм Пелистер, која исто така беше сигурна на гостувањето кај Пролет. Немаше изненадувања во ова коло, па фаворитите дојдоа до победи.
Резултати од одиграното 21.коло:
Пролет – Еурофарм Пелистер 23:28
Струга – Скопје 35:24
Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш 35:23
Прилеп – Охрид 21:30
Тиквеш – Вардар 25:30
На табелата, Вардар и Еурофарм Пелистер имаат по 55 освоени бодови. Во следното 22 коло, Вардар се домаќини на Струга.