PK Вардар 1961 има нив ангажман на играч на позицијата среден бек. Стефан Додиќ ги напушти редовите на Охрид и премина во најтрофејниот македонски ракометен колектив. Бекот кај нас ќе игра до крајот на актуелната сезона.
18-годишниот ракометар по заминувањето од Металург пред нешто повеќе од шест месеци, се реши да го засили Охрид.
Српскиот ракометар ќе ги брани боите на Вардар, откако двата клуба се договорија за начинот на реализација на овој трансфер. Така, Давид Дејвис ќе има на располагање нов среден бек, позиција на која клубот е во голем дефицит, пред сè по повредата на првотимецот Анте Гаџа.
Инаку, Додиќ веќе од поодамна договори премин во редовите на Киелце, каде ќе отпатува по крајот на оваа сезона.