Во периодот од 20-25.февруари во Кичево ќе се одржи тренинг камп на македонската фудбалска репрезентација до 16 години.
За овој тренинг камп селекторот на оваа генерација, Вујадин Станојковиќ, повика и неколку играчи од редовите на Вардар. Поради повреда на коленото настапот го откажа Дарко Сековски, додека дел од репрезентацијата ќе бидат Давор Лефковски, Алтин Алији, Нуман Ајетовиќ и Димитар Папазов.