Вардарци ја оправдаа фаворитската улога и славеа на гостувањето кај екипата на ГРК Тиквеш.
Домашниот тим даде силен отпор само во првто полувреме, кое во најголем дел се играпе израмнето и гол за гол. Сепак квалитетот и искуството си го направи своето, Вардар успеа да направи неколку серии на погодоци и на полувреме да замине со солидно водство од 12:16.
Сите прашања околу победникот беа решени после само десет минути игра во вториот дел, кога избраниците на Давид Дејвис постигнаа четити последователни голови и поведоа со 12:20. До крајот на натпреварот се беше рутина за нашиот шампион кој имаше и двоцифрена разлика од 16:26, како и највисока од 19:30. Во последните седум минути, домаќинот направи серија од 6:0 и го ублажи поразот. Конечниот резултат гласеше 25:30.
Најефикасен на натпреварот беше Тимур Дибиров со 7 постигнати голови, додека Куни Моралес и Давид Савревски имаа по 4 погодоци.