Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Преглед на 12 коло во ракометната Супер лига, двата конкуренти за титулата продолжуваат со победи

Преглед на 12 коло во ракометната Супер лига, двата конкуренти за титулата продолжуваат со победи

Се комплетираше 12.коло во машката ракометна Супер лига. Вардар потешко од очекувањата славеше кај „фенерџијата“ екипата на Скопје и на тој начин го забележа 11.триумф сезонава во домашното првенство. Еурофарм Пелистер го победи својот „братски“ тим, додека Бутел продолжува со победите, овој пат момците на Грчевски славеа на гостувањето кај Прилеп. Поразот на Пролет од Металург, значеше и отказ за Андон Бошковски, додека Тиквеш и Струга славеа на домашен терен.

Ова се комплетните резултати од 12 коло:

Прилеп – Бутел  23:26

Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер  20:38

Пролет – Металург  29:31

Струга – Радовиш  24:20

Тиквеш – Охрид  25:23

Скопј2 2020 – Вардар  1961  27:32

На табелата нема промени, главните конкуренти за титулата го делат првото место, додека зад нив е екипата на Бутел.