Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар со максимални 12.бода осамени на врвот, момците на Зенга имаат најефикасен напад во групата
Пионерите на Вардар со максимални 12.бода осамени на врвот, момците на Зенга имаат најефикасен напад во групата

Пионерите на Вардар со максимални 12.бода осамени на врвот, момците на Зенга имаат најефикасен напад во групата

Пионерите на Вардар, момците на Зоран Петковски-Зенга имаат идеален старт на лигата. Тие по четири кола се на врвот на табелата со максимални 12.бода. Единствени се во нашата група со максимален ефект, втора е екипата на КЛ7 со 10 бода која очигледно ќе биде единствена која ќе ни парира за врвот. Трет е тимот на Металург-2, екипата која вчера ја совладавме на нејзин терен и од која по само 4.кола имаме 5 бода повеќе.  Нашите момци покажаа дека оваа сезона се кандидати за висок пласман.

72728024_2516521751910010_2868174255416147968_n

Го имаме најефикасниот напад во лигата, постигнавме дури 107 погодока на четири меча, или во просек речиси 27.гола по одигран натпревар во пионерската група-3. Кога сме кај одбраната, во лигата засега ја имаме втората најдобра одбрана, тимот на РК КЛ7 има гол помалку примено од нас досега. Во просек дозволуваме само околу 12 примени голови по меч.

*РК Риниа – РК Рисови 4:21 (1:10)

*РК Аеродром – РК Бутел Скопје 25:16 (13:5)

* РК Шампион – РК Македонија ЃП 24:22 (15:9)

*РК Металург 2 – РК Вардар 14:18 (6:8) 

*РК Алушевски – РК КЛ 7 Лазарови 9:18 (5:9)

*РК Бутел Скопје – РК Алушевски 16:20 (7:6)

qq-2