Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Веспрем со победничка серија во првенството ќе го дочека Вардар во сабота
Веспрем со победничка серија во првенството ќе го дочека Вардар во сабота

Веспрем со победничка серија во првенството ќе го дочека Вардар во сабота

Следниот противник на Вардар во Лигата на Шампионите, екипата на Веспрем вчера одигра нов натпревар во унгарското првенство кој го добија убедливо во своја корист.

Пред своите навивачи, избраниците на Давид Дејвис го победија тимот на Гионгоси со резултат 34:27. Во текот на целиот меч, Веспрем беше во предност, додека на полувреме имаа водство од 19:15. Најефикасен во победничкиот тим беше поранешниот играч на Вардар и македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков кој успеа да постигне 11 голови, додека Благотиншек постигна 5. Ова беше вкупно осма победа од исто толку одиграни мечеви во националното првенство за екипата на Веспрем, која го држи лидерското место.

На дуелот со Гингоси, тренерот Дејвис ги одмараше, Штербик, Лауге, Терзиќ и Штрлек. Мечот со Вардар се игра во сабота со почеток од 17:30 часот, а целата арена за овој дуел е веќе распродадена.