Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Се одигра 5.коло во најсилната група Б, Вардар со втор пораз во серија, Кил се наметнува како најголем претедент за првото место
Се одигра 5.коло во најсилната група Б, Вардар со втор пораз во серија, Кил се наметнува како најголем претедент за првото место

Се одигра 5.коло во најсилната група Б, Вардар со втор пораз во серија, Кил се наметнува како најголем претедент за првото место

Изминатиов викенд се одигра и 5.коло во најсилната група Б од Лигата на Шампионите. Вардар го претрпе вториот пораз, откако загуби кај Веспрем, додека победи забележаа уште и екипите на Киелце и Кил, додека Порто и Мотор Запорожје во меѓусебен дуел ги поделија бодовите.

Вардар го претрпе и вториот пораз сезонава, откако загуби убедливо на гостувањето кај екипата на Веспрем. Извештај од мечот, можете да погледнете на линкот, ТУКА. 

После два порази во серија, екипата на Киелце се врати на победите во групата. Избраниците на Душебаев славеа на гостувањето кај екипата на Брест Мешков со резултат. Во најголем дел од натпреварот, Киелце имаше предност, но на моменти, Брест Мешков сериозно се закануваше на нивното водство. Уште на стартот од дуелот се одлепија на четири гола разлика (1:4), а со текот на првото полувреме стигнуваа и до пет и шест гола разлика, па на полувреме имаа водство од 9:15.

На стартот од вториот дел, полјаците стигнаа и до највисоки седум гола позитива (9:16), но следееше добра серија на Мешков Брест со која домаќините се понадеваа дека можат да внесат неизвесност. Постигнаа четири голови во серија па намалија на 13:16, после шест минути игра во вториот дел. Гледавме периоди на двете екипи, најпрво Киелце повторно се одлепи на шест гола предност (13:19), за Брест Мешков повторно да се врати во игра и со серија од три погодоци да намали на 16:19. Не изгледаше така се лесно до крајот на момците на Душебаев, со оглед дека домашната екипа постојано ја топеше негативата и во еден момент намали на само еден гол негатива (25:26). Сепак Киелце изнајде сили да стигне до триумф со резултат 27:31.

Кил се наметнува како голем претедент за освојување на првото место во групата, со оглед дека доби уште еден тежок натпревар на гостински терен. Откако ги победија на гости, Веспрем и Вардар, тимот на Кил успева да го совлада и Монпелје, со резултат 30:33. Избраниците на Јиха имаа добар старт на мечот, кога поведоа со 0:3, и до крајот на првиот дел имаа константно водство. Најголемата позитива која ја остварија во првиот дел беше шест голови разлика (7:13), но Монпелје не мислеше да се предаде, па со серија од 6:1 се доближи до само еден гол негатива на противникот (13:14). Истава разлика од ден гол, тимот на Кил ја имаше и после истекот на првите 30 минути, кога резултатот на семафорот гласеше 16:17.

После пет минути игра во второто полувреме, Кил ја загуби предноста, Монпелје со поддршката од своите навивачи влезе во серија на погодоци, па стигна и до највисоко водство од 24:21. Изгледаше дека Кил ја загуби контролата на мечот, кога имаа негатива и од 25:22, но „зебрите“ демантираа кога постигнаа пет последователни голови и повторно поведоа, овој пат со 25:27. Во последните осум минути од мечот, Кил беше подобар на теренот и на крајот славеше триумф со резултат 30:33.

Порто и Мотор Запорожје одиграа интересен меч, кој на крајот заврши со нерешен резултат 35:35. Екипата на Порто важеше за благ фаворит во пресрет на овој дуел, на кој имаше предност во голем дел од мечот. Во првото полувреме на неколку наврати имаа и три гола предност, но сепак украинците на полувреме се изборија за нерешен резултат 15:15.

Првата предност на овој дуел, Мотор Запорожје ја имаше на стартот од вториот дел, кога поведе со 15:16. Сепак, домашниот тим повторно се одлепи на оние највисоки три гола разлика, во финишот на мечот имаа и два гола позитива, но дозволија за неполна минута, Мотор да израмни и да извади бод од овој меч.

Како изгледа табелата во групата Б, после одиграното 5.коло.

1. Кил  9

2. Веспрем  6

3. Монпелје  6

4. Вардар  6

5. Киелце 5

6. Порто 5

7. Мешков Брест  2

8. Мотор Запорожје  1