Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Продолжува победничката серија на РК Вардар, преглед на 9.коло во Супер лигата
Продолжува победничката серија на РК Вардар, преглед на 9.коло во Супер лигата

Продолжува победничката серија на РК Вардар, преглед на 9.коло во Супер лигата

Ракометарите на Вардар стигнаа до својата деветта последователна победа сезонава во рамките на Супер лигата. Црвено-црните ја оправдаа фаворитската улога и славеа на гостувањето кај екипата на Бутел. До победи во ова коло стигнаа и екипите на Алкалоид, Охрид и Струга.

Комплетни резултати од 9.коло во групата А:

Вардар Неготино – Струга  24:26

Бутел – Вардар  23:26

Прилеп – Охрид  25:26

Алкалоид – Куманово  47:16

Вардар останува лидер на табелата со 27 бодови, пред екипата на Алкалоид која има 24, додека Охрид е трет со 18.

Во рамките на 10.коло, Вардар е домаќин на Прилеп.