Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го победи Пик Сегед, Киелце загуби кај Целје и го остави нашиот шампион сам на врвот
Вардар го победи Пик Сегед, Киелце загуби кај Целје и го остави нашиот шампион сам на врвот

Вардар го победи Пик Сегед, Киелце загуби кај Целје и го остави нашиот шампион сам на врвот

Вардар на три кола пред крајот на групната фаза во лигата на шампионите е многу блиску до освојување на првото место. Ова е епилогот од одиграното единаесетто коло во најсилната група Б, во кое повторно најмногу доби нашиот шампион. Покрај Вардар победи забележаа екипите на Целје и Рајн Некар, додека Брест Мешков и Загреб ги поделија бодовите.

Вардар успеа да стигне до многу важни два бода на гостувањето во Пик Сегед и да слави со резултат 21:13. Извештајот од овој натпревар можете да го прочитате ТУКА.

Загреб успеа да дојде до голем бод на гостувањето во Белорусија и да ги задржи шансите за пласман во осминафиналето. Брест Мешков и Загреб играа со нерешен резултат 21:21 во еден интересен и неизвесен натпревар. Имаше мал број на погодоци, двете екипи играа цврсто во одбраната и на крајот додје до поделба на бодовите. По првото полувреме резултатот беше 11:9 во корист на Брест Мешков. Загреб на овој меч настапи без Шебетиќ и Хорват, додека кај Мешков недостасуваа Николенкау и Атман.  Кај Загреб Мандалиниќ постигна 4 гола, додека кај Брест Мешков Џамаили постигна 7 голови.

Победа во ова коло и за Рајн-Некар која е втора последователна во ЛШ за избраниците на Јакобсен. Тие славеа на гостувањето во Шведска против екипата на Кристијанштад со резултат 29:31. Бундеслигашот на стартот поведе со 1:3, но домашниот тим постигна три последователни голови за прва предност од 4:3. Во следните десет минути се играше гол за гол и ниедна од екипите немаше поголемо водство од ва гола разлика, се додека Кристијанштад за прв пат имаше водство од 11:9, за набрзина таа нивна позитива да биде анулирана и резултатот повторно да биде израмнет. Екипите се менуваа во водство, за сега Рајн-Некар да има предност од ва гола, но во финишот на првиот дел со серија од 3:0 на одмор Шведскиот шампион да замине со предност од 16:15. Гледавме израмнет натпревар и во вторите 30 минути. Сепак во еден момент Рајн-Некар поведе со два гола разлика која ја одржуваше до крајот. Кај победникот Баена постигна 8 голови, додека кај домаќините се исткна Гудмундсон со 10 погодоци.

Лошата форма на Киелце продолжува и понатаму, овој пат избраниците на Талант Душебаев беа поразени на гостувањето во Целје. Во најголем дел од првото полувреме, актуелниот европски шампион имаше предност која најмногу достигна до четири голови разлика. Сепак Целје имаше добри пет минути кога успеа да напрви резултатски пресврт и да поведе со 15:13. До крајот на првиот дел, Киелце со серија од 1:6 успева на одмор да има водство од три голови 16:19. Првите десет минути од второто полувреме воопшто не даваа слика дека Целје ќе ги освои бодовите на овој натпревар. Киелце стигна до највисоки девет голови разлика и во тие моменти сите помислија дека Киелце ќе биде побдникот. Сепак така не мислеше и домашниот тим кој полека но сигурно ја топеа предноста на Полјаците. Целје го имаше расположениот репрезентативец на Словенија, Борут Машковчек кој го одигра еден од најдобрите натпревари во неговата кариера. Благодарение на него, Целје успева да стигне до израмнување на резултатот. Избраниците на Душеаев имаа и напад за водство, но Зораман ја загуби топката, а во брза контра речиси во последните две секунди погоди Жвижеј за голема радост на Целје. Конечниот резултат гласеше 34:33. Мачковшек беше прв стрелец со 9 голови, додека кај Киелце, Агинагалде и Биелецки беа стрелци на 6 голови.

Вардар е лидер на табелата по одигрување на ова единаесетто коло во ЛШ:

1. Вардар  16

2. Рајн-Некар  15

3. Киелце   14

4. Пик Сегед  13

5. Мешков Брест  12

6. Целје   7

7. Кристијанштад  6

8. ППД Загреб  5

Двојки за следното коло се:

Вардар - Целје

ППД Загреб – Кристијанштад

Рајн Некар – Брест Мешков

Киелце – Пик Сегед