Екипата на РК Вардар стигна до голема победа на гостувањето против Пик Сегед, која широко ни ги отвори вратите за освојување на првото место во својата група. Избраниците на Раул Гонзалес освоија многу важни два бода кои им ги зголемија шансите за првата позиција, со која директно ќе обезбедат пласман во четврфиналната рунда. Најдобри во победата против Пик Сегед беа Тимур Дибиров кој постигна 6 голови, додека Арпад Штербик имаше 15 одбрани. Токму овие двајца играчи на Вардар се најдоа во идеалниот тим на колото во ЛШ.
Да гласаме за Вардаровите играчи да бидат прогласени за играчи на колото во ЛШ.