Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Билетите за дербито Вардар-Будуќност во продажба по цена од 150 денари
Билетите за дербито Вардар-Будуќност во продажба по цена од 150 денари

Билетите за дербито Вардар-Будуќност во продажба по цена од 150 денари

Девојките на Камара  следниот натпревар во ЕХФ Лигата на Шампионите на домашен терен ќе го одиграат на 26.02 (недела) со почеток во 17:30 часот во својот храм С.Ц. Јане Сандански. Ние сме домаќини на екипата на Будуќност, ова недела ќе се одигра големото балканско и европско дерби во женска ракометна конкуренција.

Сите оние кои што сакаат да го проследат натпреварот и да им помогнат на црвено-црните да стигнат до нова победа можат да го купат својот билет на билетарницата на С.Ц. Јане Сандански секој работен ден од 10:00 – 18:00 часот или пак онлајн на www.ticketplus.mk 

Цени: Трибина – 150 МКД

Повеќе информации може да се добијат и на:

Е-маил: info@ticketplus.mk

тел: + 389 2 401 980

Сите што имаат купено сезонски билети за ЖРК Вардар или пак Вардар ПАС можат да присуствуваат на натпреварот само со приложување на сезонските картички