Во следново интервју ве запознаваме со еден од голманите во Вардаровата генерација родени “2002“ година. Се работи за Марко Станковски кој важи за голем фудбалски талент. Марко исто така има настапи и за Македонската репрезентација до 14 години. Неговата генерација предводена од Петар Георгиевски оваа сезона се натпреварува во регионалната скопска лига.
1. Како се случи да се занимавате со фудбал и од каде желбата да бидете голман ?
-Желбата да станам голман произлезе од гледање многу натпревари со легенди како Касиљас,Буфон а секако се започна во маалото и “маалските стативи”. За мене отсекогаш голманската позиција и фудбалот биле на прво место.
2. Со генерацијата “2002“ сте вицешампиони во есенскиот дел од региоаналната лига. Едно ваше видување за првиот дел од сезоната?
-Завршивме на второто место со три бодови помалку од првиот. Изминатата полусезона игравме добро , се случи тоа што се случи на натпреварот со Работнички, но тоа помина и сега целиме кон враќање на заостатокот и освојување на титулата. Задоволни се од прикажаните игри и остварени резултати со оглед дека доминиравме на сите натпревари, со исклучок на споменатиот натпревар кој го загубивме со службен резултат.
3. Имате можност да тренирате со едни од најдобрите тренери за голмани во Македонија. Како е да се работи со Мутибариќ и Кметовски.
-Кога пристигнав во Вардар една година работев со тренерот Мутибариќ а сега сум кај тренерот Кметовски. Тоа се двајца одлични тренери кои со секој тренинг не усовршуваат и ни го пренесуваат нивното богато искуство. Тренинзите траат околу два часа и секој тренинг е различен од предходниот.
4. Која е ваша најдрага награда која ја имате добиено како голман ?
-Најдраги ми се двете втори места на турнирот во Бјелина и во домашното првенство минатата сезона, затоа што сепак цела екипа е заслужна за успехот.
5. Какви се условите за работа со изградбата на новата академија ?
-Со изградбата на академијата добивме одлични услови за тренинг и напредување. Ретко кја екипа не само во Македонија, туки и на балканот може да се пофали со ваков тренинг центар кој е за сите пофалби. Тука имаме се што е потребно за нормален тренинг и развој како играч.
6. Дали Марко има зацртано некоја цел за во иднина ?
-Мојата цел за во иднина е многу настапи во првиот тим и репрезентациј,а а зошто да не и во некој голем европски клуб. Секако прво да ги поминам сите младински екипи на клбот каде моментано играм.
7. Што претставува за вас играњето во Вардар ?
-Играњето во Вардар за мене претставува голема чест и мотив, но секако овој дрес самиот по себе носи големи обврски и тежина.
8. Кои се очекувањата за пролетниот дел од сезоната во лигата и купот ?
-Како што кажав ние бркаме негатива од три бода во првенството. Во пролетниот дел влегуваме уште помотивирани а секако крајната цел е двојна круна. Нема да биде лесно, но се надевам дека ќе ја исполниме целта.
Звонко Ивановски