Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Билетите за натпреварот со Целје веќе во продажба
Билетите за натпреварот со Целје веќе во продажба

Билетите за натпреварот со Целје веќе во продажба

РК Вардар следниот натпревар во Лигата на Шампионите на домашен терен ќе го одиграат на 25.02 (сабота) со почеток во 17:30 часот во својот храм С.Ц. Јане Сандански. Сите оние кои што сакаат да го проследат натпреварот со Целје и да им помогнат на црвено-црните да стигнат до нова победа можат да го купат својот билет на билетарницата на С.Ц. Јане Сандански секој работен ден од 10:00 – 18:00 часот или пак онлајн на www.ticketplus.mk

Цени:  Трибина – 350 МКД и Стоење – 180 МКД

Повеќе информации може да се добијат и на: Е-маил: info@ticketplus.mk или тел: + 389 2 401 980

Сите што имаат купено сезонски билети за РК Вардар или пак Вардар ПАС можат да присуствуваат на натпреварот само со приложување на картичките.