Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар и Брест Мешков единствени со максимални бодови, преглед на 2.коло од најсилната група А од ЛШ
Вардар и Брест Мешков единствени со максимални бодови, преглед на 2.коло од најсилната група А од ЛШ

Вардар и Брест Мешков единствени со максимални бодови, преглед на 2.коло од најсилната група А од ЛШ

Изминатиов викенд се одигра 2. коло во рамките на најсилната група А од Лигата на Шампионите. До победи стигнаа екипите на Вардар, Киелце, Брест Мешков и Барселона.

Вардар немаше проблем да ја запише и втората победа, откако во С.Ц. Јане Сандански убедливо ја совлада екипата на Кристијанштад (33:25). Извештај од натпреварот можете да прочитате на линкот, ТУКА. 

На натпревар со многу голови, екипата на Киелце стигна до првата победа во новата сезона. Избраниците на Талант Душебав на домашен терен ја совладаа екипата на Рајн-Некар. Иако во еден момент гостинскиот тим од Германија имаше предност и од пет голови (6:11), до крајот на првиот дел истата беше анулирана од страна на Киелце, па на одмор се замина со нерешен резултат 17:17. На осум минути пред крајот предноста на Рајн-Некар беше само еден гол (12:13), за по истекот на првите 30 минути, Киелце комплетно да се врати во игра.

Полјаците подобро го стартуваа вториот дел кога направија серија од 3:0 и за прв пат имаа предност од три гола разлика (20:17). Гледавме натпревар со многу пресврти, повторно Рајн-Некар беше тимот кој поведе со 23:24. Имаа и водство од 28:30, но Душебав и Циндриќ ја превземаат одговорноста и му носат предност на својот тим од 31:30. Во возбудлива завршница, слави екипата на Киелце, со резултат 35:32, за прв триумф во најсилната група А.

Кај победникот се истакнаа поранешните вардарци, Душебаев и Циндриќ кои постигнаа по 5 голови, додека на спротивната страна, Шмид беше стрелец на 9 голови.

 До прва победа во групата стигна и екипата на Барселона која во дербито го совлада тимот на Веспрем. Започнаа подобро избраниците на Чави Пасквал кога имаа водство од 4:2, за во 13 минута, Верспрем со голот на Штрлек да го израмни резултатот на 6:6. Избраниците на Врањеш дури стигнаа и до предност од 9:10, кое беше последно за нив во првиот дел. На шест минути пред крајот, Барса имаше позитива од два гола (13:11), за до крајот на првиот дел да ја зголемат на три разлика (17:14).

Домашната екипа го контролираше резултатот и во второто полувреме и имаше постојана предност. Дика Мем во 40 минута се погрижи за Барселона да има највисоки 22:17, што беше знак за тренерот на Веспрем да повика тајмаут. Се беше јасно кога на шест минути пред крајот, Перез Де Варгас одбрани зицер удар и ја остави Барса во предност од пет голови. Последните минути беа рутина за Барселона, која слави победа со резултат 31:28.

Кај Барселона најефикасен беше Мортенсен кој постигна 7 голови, додека кај Веспрем, Гајиќ имаше 8 погодоци.

Можеби изненадувачки е вториот пораз на Монпелје, но не е изненадување и втората победа на Брест Мешков, кој игра одлично на стартот од сезоната. Иван Пешиќ беше играчот кој го откажа актуелниот шампион на Европа и му до нанесе вториот пораз оваа сезона. Во текот на целиот меч, домашниот тим имаше предност, на моменти французите стигнуваа до еден гол негатива, но секогаш последна пречка беше голманот на Брест Мешков, кој дефинитивно беше личноста број еден на овој натпревар. По првото полувреме, белорусите беа во позитива од три гола (13:10), за истава разлика да ја задржат и до крајот на натпреварот, славејќи триумф со резултат 26:23.

Џорџиќ, Џукиќ и Потеко постигнаа по 4 голови, додека кај Монпелје најефикасен беше Порте со 6 голови.

Двојки за трето коло во оваа група:

Веспрем - Вардар

Рајн-Некар – Брест Мешков

Кристијанштад – Барселона

Монпелје – Киелце