Попладнево во С.Ц “Јане Сандански“, Вардар во рамки на 2.коло од елитната лига го пречека Кристијанштад. Момците на Парондо во ова прво коло од ЛШ на домашен терен го совладаа ривалот во дуел во кој целосно доминираа со резултат 33:25 (19:10).
На почетокот по првиот напад отворивме со 0-1. Потоа следеше вистинско шоу на голот со 3 одбрани блесна Милосављев, а во напад тоа го награди Борозан. Црногорецот по три перфектни асистенции на Стас Скубле со неговите “бомби“ не однесе на четири позитива, 4-0. Веднаш клупата на гостинот побара тајм-аут, но и тоа не донесе бенефит па во продолжение со два гола во серија поведовме со 6-0. Првпат нашиот голман беше совладан во 6.минута за 6-1. Од минута во минута го зголемувавме водството па на самиот почеток на 20.минута првпат поведовме со 9 гола, на семафорот стоеше 14-5 по голот од контра на Иван Чупиќ. Тренерот на Кристијанштад мораше да го “потроши“ вториот тајм-аут. Добрата игра донесе и двоцифрена предност, на 5.минути до крајот преку Чупиќ од пенал поведовме со 18-8. Последните минути дојде до благо опуштање по големото водство тоа го искористи Кристијанштад и намали на 18-10, ние имавме последен напад Парондо побара минута одмор за конскултации. Во последниот атак одигравме одиграна акција по која добивме пенал, истиот повторно го реализираше Чупиќ кој го заврши првиот дел со 100% ефект од линијата од 7.метра. Милосављев првиот дел го заврши со 7 одбрани, Чупиќ имаше 6 гола, а 4 имаше Борозан.
Вториот дел почна со промашен напад на гостите, и наши реализаци преку Фереира за 19-11. Нашите момци повторно влегоа во ритам, и првпат отидоа на 11 плус, Борозан погоди за 22-11 во 34.минута. Нашиот противник искористи едно мало наше опуштање и по 10.минути ракомет во вториот дел во “Јане Сандански“ намалија на 24:16. Со осум позитива влеговме и во последната четвртина од овој дуел, 26:18. Вардарци веднаш потоа со серија 3-0 веќе во 48.минута поведоа со 11 гола, 29-18. Пародно освежи од клупата шанса добија: Поповски,Мишевски, Шишкарев, Недановски, Мишевски, Војводиќ и младиот голман Кизиќ кој веднаш впиша одбрана. Сепак тоа не не исфрли од ритам ние и понатака одигравме на речиси исто ниво, до крајот. На крајот победивме со резултат 33:25.
Најефикасен кај нас беше Иван Чупиќ со 7гола, апак Вуко Борозан имаше 5, Дејан Милосављев имаше двоцифрен ефект.