Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Милосављев и Парондо: Победата носи задоволство, одигравме на ниво
Милосављев и Парондо:  Победата носи задоволство, одигравме на ниво

Милосављев и Парондо: Победата носи задоволство, одигравме на ниво

Вечерва црвено-црните ја покажаа силата и моќта со која располагаат сезона па триумфално го завршија натпреварот против Кристијанштад  со резултат 33-25 (19-10). Ова беше седми триумф на Вардар  против овој ривал во лигата на шампионите, и нашиот тим останува на врвот во групата со максимални четири бодови. На прес конференција после дуелот вардарци ги дадоа следните изјави:

Милосављев Дејан: По Монпелје, веднаш почнавме да се подгтовуваме за Кристијаштад. Тие играат брз ракомет, а се опасни со брзите бекови и со полуконтрата. Овој меч беше дури поважен и од оној со Монпелје, пред нашата публика да се покажеме пред нашите навивачи. Секој го исполни своето, сите играа супер и го дадоа максимумот и така ќе продолжиме на секој натпревар до крајот на сезоната.

 Роберто Гарсија Парондо: Многу сум задоволен од моите играчи, одиграа одличен меч. Играа моќно, со голем интензитет. Го решивме мечот во првите десетина миути и со тоа го направивме полесно продолжението. Им кажував на моите играчи дека Кристијанштад е сериозен тим, дека во Лигата на шампионите нема лесен ривал, но тоа што го говориме секој тренинг дека мора да се игра цел меч, моите ракометари го исполнија на овој меч.