Sunday ,21 October 2018
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар не сака “романтика“, Барсегјан и Брдаровски го “срушија“ Работнички
Вардар не сака “романтика“, Барсегјан и Брдаровски го “срушија“ Работнички

Вардар не сака “романтика“, Барсегјан и Брдаровски го “срушија“ Работнички

ФК Вардар игра одлично во првата лига, денес како гостин го совлада ФК Работнички. Црвено-црните го добија градското дерби со 0-2. Васовски дуелот го почна на  голот со  Филип Гачевски, а пред него во одбраната Владица Брдаровки, Евгениј Новак, Коста Манев и Тодор Тодоровски. Во средниот ред на нашата екипа стартуваа  Филип Најдовски, Дарко Мицевски и Виктор Јуфо. Нападот  беше сочинет од Тигран Барсегјан, Кларенс Битанг и Максим Максимов.

Стрелци: (0-1) Тигран Барсегјан  29.минута  и ( 0-2) Владица Брдаровски во 63.минута

По цврстиот старт првата посериозна шанса за нас ја имаше рускиот интернационалец Максимов во 27.минута, тој доби топка од Битанг сепак не беше доволно вешт да го совлда Божиновски.  Голот за водство на црвено-црните  дојде во 29.минута од натпреварот  кога Тигран Барсегјан погоди во мрежата на Даниел Божиновски. Ерменскиот репрезентативец доби топка непосредно пред шеснаесетникот, одлично се ослободи од Херера и шутираше во спротивната страна од голот на домашните.  Нашиот противник се закани во првиот дел се на се два пати, сепак двата удари отидоа над голот на Филип Гачевски. Момците на Васоски на одмор заминаа со минимална, но доволна предност.

Во вториот дел почна со измена Лира влезе на место на Максимов. Токму бразилецот беше таличен за одбраната на домаќинот. Тој успеаа да му даде употреблива топка на Брадовски Владица, апак  бекот се најде во улога на офанзивец и по едно проигрување со Вилијан Лира успеа вторпат да ја стресе мрежата на Даниел Божиновски. Ова водство беше доволно за да наговестиме победа на ова градско дерби. Во 75.минута бразилскиот фудбалер Јуфо му остапи место на Попзлатанов. Пред крајот црвено-белиот тим  имаше шанса да го намали поразот, се обиде екс вардарецот  Петковски сепак топката ја погоди само пречката. Вардар моментално е лидер на табелата, во оваа сезона играме одлично во воедните шест кола имаме четири победи и два нерешени дуели.