Thursday ,13 December 2018
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генер. “2004„ и “2005„ во утре се среќаваат со екипата на Милано
Вардаровите генер. “2004„ и “2005„ во утре се среќаваат со екипата на Милано

Вардаровите генер. “2004„ и “2005„ во утре се среќаваат со екипата на Милано

Утре на теренот на Академијата, редовното коло од регионалата-скопска лига ќе го одиграат генерациите на ФК Вардар родени 2004 и 2005 година. Противник ни е екипата на Милано.

Генерацијата “2004„ ќе се обиде да се врати на победите во лигата, откако во минатото коло го загуби градското дерби од екипата на Работнички. За овој дуел во составот се враќаат, Игор Јаневски, Никола Павлески и Бесар Гуџуфи, кои го пропуштија дербито поради настап за репрезентацијата до 14 години.

Генерацијата “2005„ има максимални шест освоени бодови на првите два натпревари и дуелот со Милано е добра шанса да се продолжи победничката серија. Фаворити сме и на двата меча и треба да запишеме нови бодови.