Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Комплетирано последното14 коло во најсилната група А, Вардар втора сезона по ред обезбеди директен пласман во 1/4 на ЛШ
Комплетирано последното14 коло во најсилната група А, Вардар втора сезона по ред обезбеди директен пласман во 1/4 на ЛШ

Комплетирано последното14 коло во најсилната група А, Вардар втора сезона по ред обезбеди директен пласман во 1/4 на ЛШ

Изминатиов викенд се одигра и последното коло во најсилната група А, по што беа познати екипите кои се пласираа во следната елиминациска рунда. Вардар заврши на првото место и обезбеди директно учество во четвртфиналето, додека пласман во осминафиналето обезбедија екипите на Барселона, Нант, Рајн-Некар, Пик Сегед и Кристијанштад.

Првиот натпревар во групата го одиграа екипите на Рајн-Некар и Нант. Иако овој меч немаше резултатско значење за бундеслигашот, сепак избраниците на Јакобсен му откинаа голем и повеќе од потребен бод на Нант, кој се до овој меч беше во борба за првото место на табелата. По едно полувреме им припадна на двете екипи. Така Нант имаше предност по првиот дел од 13:15, додека во второто полувреме, Рајн-Некар успеа со два гола разлика да го добие овој дел од мечот. Натпреварот се движеше со 1-2 голови предност за французите, кои на четири минути пред крај имаа и два гола предност, но домашниот тим се избори за нерешен резултат. Со овој конечен исход на крајот од 30:30, Нант не само што ги загуби шансите за првото место, туку го загуби и второто место од екипата на Барселона. Толбринг кај Рајн Некар постигна шест голови, додека на спротивната страна најдобар стрелец беше Клер со седум голови.

Барселона го искористи “киксот“ на Нант и очекувано славеше во дуелот со екипата на Пик Сегед. Во најголем дел од мечот, Барса имаше предност, иако ниту еднаш истата не беше комотна и сигурна дека ќе се забележи победа. Гостинската екипа даде силен отпор, но крајот мораше да се порази со само минимален пораз, изразен со резултат од 28:27. Дика Мем и Сигурмансон беа најефикасни кај двете екипи, постигнувајќи по 6 голови.

Во еден интересен и неизвесен натпревар, Вардар и Висла Плок ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат од 31:31. Вардар имаше можност да победи, но и да изгуби, ако последниот обид на Дуарте завршеше во празниот гол на нашиот шампион, откако во истата акција Стоилов промаши удар, односно голманот успешно одбрани. Извештајот од овој натпревар можете да го погледнете, ТУКА.

Загреб не го искористи играњето на домашен терен во одлучувачкиот натпревар против Кристијанштад, кој го загуби со резултат. Овој дуел во првите 15 минути беше израмнет и се играше гол за гол, за Загреб благодарение на добрата одбрана, предводена од Контрец, Валчиќ и Вори да се одлепат на три гола разлика 9:6. После оваа негатива гостинскиот тренер, Линдгрен побара тајмаут, па работите започнаа да функционираат подобро за тимот на Кристијанштад, кој до истекот на првиот дел ја целосно ја анулираше негативата и на полувреме се замина со нерешен резултат од 10:10.

Во второто полувреме, Кристијанштад беше многу подобар на теренот и на крајот заслужено стигна до победата, додека домашниот тим немаше сили да одигра уште едно квалитетно полувреме. Благодарение на погодоците на Соренсен и Лагергрен и брзите контри, во еден момент гостинската екипа имаше водство од 13:17. Од тој момент швеѓаните имаа постојано водство и контрола на резултатот. Сите работи беа јасни когфа стигнаа и до најголеми пет голови разлика, а за Загреб немаше време да фати резултатски приклучок. На крајот заслужен триумф за Кристијанштад, кој слави со резултат 24:27. На Загреб не му помогна ниту Вардар кој освои бод против Висла и беше еден од условите тие да поминат во следната рунда, но самите си ја решија судбината со поразот на домашен терен од шампионот на Шведска. Соренсен постигна девет голови кај победникот, додека кај Загреб најефикасен беше капитенот, Хорват со осум погодоци.

Конечниот изглед на табелата после одигрување на сите 14 кола во група А:

1. Вардар 21

2. Барселона 20

3. Нант 20

4. Рајн – Некар 17

5. Пик Сегед  13

6. Кристијанштад 8

7. Висла Плок 7

8. ППД Загреб  6