Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар доминира во СЕХА-лигата, најмногу победи, најдобар напад и одбрана во регуларниот дел
Вардар доминира во СЕХА-лигата, најмногу победи, најдобар напад и одбрана во регуларниот дел

Вардар доминира во СЕХА-лигата, најмногу победи, најдобар напад и одбрана во регуларниот дел

Вардар го финишираше регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата и тоа убедливо на првото место на табелата, со голема бодовна предност пред останатите екипи. Црвено-црните го срушија рекордот на Веспрем од пред две сезони, кога унгарците имаа скор од 16 победи, 2 нерешени резултати и ниту еден пораз. Затоа е тука нашиот шампион, кој постави нов рекорд во ова натпреварување, со 17 победи, еден нерешен резултат и без ниту еден пораз. Единствено екипата на Брест Мешков успеа да ни одземе бодови, тоа беше на првиот меч во новата година, кога на гостувањето во Белорусија ремизиравме со овој противник, со кој ќе се сретнеме и во полуфиналето на Ф4 кој ќе се одигра во Скопје. Избраниците на Раул Гонзалез располагаат со најдобриот напад и одбрана во регуларниот дел од сезонаа. Иако моментално ППД Загреб има шест голови помалку примено од нас, тие имаат и натпревар помалку, кој треба да го одиграат во текот на утрешниот ден против Брест Мешков. Моментално го имаме и најдобриот напад, кој ќе го задржиме до крајот, со оглед дека Брест и Загреб ако сакаат да бидат први во овој статистички податок ќе треба да постигнат повеќе од 50 голови.

Ова се сите постигнати резултати на Вардар во регуларниот дел од СЕХА-лигата:

1 коло: Металург – Вардар  23:32

2 коло: Вардар – Горење Велење 32:19

3 коло: Вардар – Брест Мешков  31:23

4 коло: Вардар – Татран Прешов  32:28

5 коло: Целје П.Л. – Вардар  28:31

6 коло: Вардар – ППД Загреб  30:23

7 коло: Вардар – Динамо Панчево  42:32

8 коло: Нексе – Вардар  21:30

9 коло: Вардар – Војводина  37:22

10 коло: Вардар – Металург  31:24

11 коло: Горење Велење – Вардар  24:30

12 коло: Брест Мешков - Вардар 25:25

13 коло: Татран Прешов – Вардар 22:30

14 коло: Вардар – Целје П.Л.  35:27

15 коло: ППД Загреб – Вардар  24:25

16 коло: Динамо Панчево - Вардар  23:27

17 коло: Војводина - Вардар 32:26

18 коло: Вардар – Нексе 29:25

Најдобар стрелец до овој момент за Вардар во ова натпреварување е Тимур Дибиров, кој високо котира и на листата на најефикасни играчи во СЕХА, односно руското крило се наоѓа на петтото место, со 72 постигнати голови. Според процентот пак на одбранети удари, Страхиња Милиќ е на третата позиција, со 34% на одбранети топки кон неговиот гол. Веќе се познати и полуфиналните двојки во СЕХА. Вардар ќе игра против Брест Мешков, додека ППД Загреб ќе се соочи со Целје П.Л. Вардар е актуелен бранител на трофејот во оваа лига, а на завршниот турнир кој ќе се одигра во периодот од 13-15-ти април во С.Ц. Јане Сандански ќе се обиде да стигне до четвртиот трофеј во СЕХА-лигата.