Кадетската и младинска ракометна репрезентација на Македонија во периодот од 29-ти март до 3-ти априп ќе бидат дел од силен меѓународен турнир во Унгарија, како подготовка а ЕХФ Шампионатите што летово ги очекуваат во Скопје, односно Тбилиси.
Селекторот Данило Брестовац го објави поширокиот список на ракометари, на кои ќе може да смета за претстојниов турнир во Унгарија. На списокот на кадетската репрезентација се најдоа дури шест играчи од ракометниот клуб Вардар. Тоа се голманите Марко Кизиќ и Андреј Петковски кои се дел од екипата на Вардар Јуниор, кој се натпреварува во најсилната супер лига, тука и нивниот соиграч, Мартин Карапалевски, како и членовите на младинскиот состав на Вардар, се работи за Игор Ѓорѓиев, десното крило Ален Ќосевски левото крило, Христи Бикоски.
Кај младинците на списокот на селекторот Брестовац се пет играчи од редовите на Вардар. Тоа се бековите, Марко Мишевски и Дејан Кукуловски, левото крило, Иван Димитровски, пикерот, Стефан Анастасовски и играчот за дефанзива, Антонио Николовски.
Покрај Македонија на турнирот во Унгарија учество ќе земат и репрезентацијата на Бугарија, Хапоел Ашдод од Израел, репрезентацијата на Националната Академија на Унгарија, Спортската Академија Елес, како и клубовите Веспрем, Пик Сегед, Чургои и Будимпешта меѓу останатите.