На крајот на месецов, март, голем број црвено-црни фудбалери ќе имаат обврски кон своите национални селекции. Меѓу нив се, Јован Попзлатанов и Бесар Исени, кои што денеска се најдоа на списокот на селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, за пресојните два квалификациски натпревари против Русија во Скопје и против Австрија на гостински терен на 23-ти и на 27-ми март.
Покрај тоа за ерменскиот национален тим добија покани двајцата вардарови играчи, Ховханес Хамбарџумјан и Тигран Барсегјан за престојните два натпревари против Естонија и против Литванија кои ќе се играат во Ереван. Станува збор за пријателски дуели, момците на селекторот Артур Петросјан ќе играат на 24 и на 27 март.