Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар со 13.последователна победа, преглед на резултати
РК Вардар со 13.последователна победа, преглед на резултати

РК Вардар со 13.последователна победа, преглед на резултати

Екипата на РК Вардар стигна и до својата 13.последователна победа во групата од Супер Лига. На домашен терен, црвено-црните ја продолжија серијата победи откако беа подобри од екипата на МРК Куманово. До очекувани победи во ова коло стигнаа и екипите на Алкалоид и Бутел, додека Охрид и Струга ги поделија бодовите.

Резултати од одиграното 13.коло во групата А:

Вардар – Куманово  37:21

Алкалоид – Вардар Неготино  40:16

Охрид – Струга  22:22

Прилеп – Бутел  25:33

Вардар ќе заврши на првото место во регуларниот дел од сезоната, во кое останува да се одигра уште едно коло, во кое нашиот Шампион ќе гостува кај екипата на Струга.