Во есенскиот дел од сезоната во ракометната машка Супер лига се одиграа 16.кола. Вардар се наоѓа на второто место на табелата, поради послабата гол разлика во однос на Еурофарм Пелистер кој ќе „презими“ на првото место, но сепак Вардар е тимот кој се наоѓа во поповолна позиција за освојување на Шампионската титула. На 16 одиграни натпревари, црвено-црните имаа скор од 14 победи, 1 нерешен резултат и 1 пораз во дуелот со екипата на Еурофарм Пелистер 2. На домашен терен успеавме да го победиме тимот на Е.Пелистер со четири голови разлика, додека на реваншот во Битола одигравме со нерешен резултат.
До крајот на првиот натпреварувачки круг остануваат да се одиграат уште шест кола, после што ќе започне плеј-оф разигрувањето и борбата за титулата. Вардар го има најдобриот напад во лигата со вкупно 558 постигнати голови.
Сите резултати за Вардар во есенскиот дел од сезоната:
1 коло: Вардар – Скопје 48:24
2 коло: Вардар – Радовиш 40:26
3 коло: Охрид – Вардар 29:31
4 коло: Вардар – Еурофарм Пелистер 29:25
5 коло: Бутел - Вардар 27:34
6 коло: Вардар – Металург 38:30
7 коло: Пролет – Вардар 26:35
8 коло: Вардар – Прилеп 41:24
9 коло: Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 27:26
10 коло: Вардар – Тиквеш 34:27
11 коло: Струга – Вардар 28:37
12 коло: Скопје - Вардар 27:32
13 коло: Радовиш – Вардар 20:37
14 коло: Вардар – Охрид 33:26
15 коло: Еурофарм Пелистер – Вардар 27:27
16 коло: Вардар – Бутел 36:21
Вардар и Е.Пелистер имаат по 43 освоени бодови на табелата, додека третото место е за екипата на Бутел која има 33 бодови, а на четвртото место се наоѓа вториот тим на Е.Пелистер со освоени 32 бода.