Двајца ракометари на Вардар во текот на вчерашниот ден ги одиграа своите први натпревари на СП.
Најголемото изненадување се случи на натпреварот на кој Јапонија успеа да освои бод во дуелот со Хрватска. Иако во најголем дел од натпреварот, јапонците беа во предност, сепак момците на Червар во последните секунди се спасија од пораз и тоа благодарение на голот на Чупиќ кој реализираше од седум метри.
Јапонија во еден момент од првото полувреме имаше позитива и од шест голови, но до крајот на првиот дел, Хрватска се избори за достижна негатива од 14:17. Како одминуваше вториот дел, полека но сигурно Хрватска ја топеше предноста на противник, се влезе во период кога се играше гол за гол, но Јапонија во последната минута влезе со предност од еден гол. Остана уште 30 секунди во кои Червар побара тајмаут. После една акција беше досуден седмерец, а одговорноста ја превзема вардаровиот играч, раката на Чупиќ не затрепери, тој погоди за конечни 29:29.
Чупиќ постигна три гола од пет обиди кон противничкиот гол.
До прва победа на мундијалот стигна селекцијата на Полска која беше подобра во дуелот со Тунис (28:30). Натреварот го судеа најдобрите судии од Македонија, се работи за Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Во составот на победничката селекција беше Патрик Валчак кој не постигна гол.