Вардарци започнаа со подготовки за пролетниот дел од сезоната. Пред ракометниот клуб се тешки натпревари во месец февруари, период во кој треба да одиграат седум дуели во ЛШ и три во СЕХА-лигата.
Подготовките ќе ги пропуштат шест играчи кои се дел од СП во Египет. Се работи за Стоилов, Мишевски, Димитриоски, Талески, Валчак и Чупиќ, останатите се ставија на располагање на тренерот Алиушовски.
Металург на својата офцијална страна го објави подготвителниот период и натпреварите кои ќе ги одиграат. Еден од нив е дуел токму со нашиот Вардар, кој е закажан на 23 јануари. Познато е дека првиот меч на црвено-црните во новата година ќе биде на 28.јануари против екипата на Војводина, во рамките на СЕХА-лигата.