Србија и втор пат успеаа да извлече поволен резултат во дуелот со репрезентацијата на Унгарија. Овој натпревар заврши без победник (25:25), иако Унгарците испуштија шанса преку удар од седум метри во последните секунди да забележат триумф. Херој за Српската репрезентација беше голманот Славиша Џукановиќ. Србија по првото полувреме имаше предност од 11:13. Повторно во составот за овој меч беа Илија Абутовиќ и Мијајло Марсениќ, кој успеаа да го заврши натпреварот со три постигнати голови.
Шпанија на вистински начин ја демонстрираше својата сила и моќ пред стартот на Европското првенство во Полска, токму против домаќинот на овој мундијал. Фуријата ги разнесе Полјаците и убедливо ги порази со неверојатни 26:12. Уште од самиот старт имаа водство, кое како одминуваше натпреварот само го зголемуваа. На полувреме се замина со предност од 14:7. Во вториот дел, избраниците на Каденас дозволија да примат само 5 голови покажувајќи одлична игра во двата правци. Арпад Штербик бранеше во првите 30 минути и забележа вкупно 11 успешни интервенции. Одличен натпревар одигра и Алекс Душебаев кој беше стрелец на 5 голови, додека Македа успеаа да постигне 1 гол во конечниот триумф на својата селекција.
На третиот ден на турнирот во Москва, репрезентацијата на Русија одигра нерешено против Белорусија (28:28) и на тој начин го обезбеди првото место на овој турнир. Претходно Русите ги совладаа селекциите на Холандија и Аргентина. На мечот со Белорусија во составот не беа Горбок и Шишкарев, додека Дибиров го заврши натпреварот со 5 постигнати голови. На крајот пехарот за освоениот турнир го подигна капитенот на Русија, Вардаровото лево крило Тимур Дибиров.