Вечерва во С.Р.Ц. Кале се одигра првиот контролен натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Црна Гора. Успешна контрола за нашите ракометари, која е предпоследна пред стартот на Европското првенство во Полска. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 35:28
Во првата постава на селекторот Ивица Обрван се најдоа двајцата играчи на Вардар, Стојанче Стоилов и Дејан Манасков. Токму нашиот пикер успеаа да изнуди прв удар од седум метри, кој успешно го реализираше капитенот Кирил Лазаров. Истиов играч го постигнува и вториот погодок за нашата репрезентација. Црна Гора во наредниот период успева да направи серија од три гола, за прв пат на овој меч да има предност од 3:4. До половината на првото полувреме се игра доста израмнето на двете страни, а во овој период наши најдобри играчи се Лазаров и Манасков кои успеаа да постигнат највеќе голови. На седум минути пред крајот на првиот дел со два последователни голови на Вардаровото крило, успеваме да поведеме со 13:11. Довчерашниот играч на црвено-црните, сегашен член на Бешикташ Немања Прибак со својот втор гол ја одржува оваа позитива. Во последните три минути успеваме да направиме серија од 3:0, за конечни по првото полувреме 19:14. Финишот на првиот дел беше спектакуларен со ретко видена цепелин акција, дело на Манасков и Лазаров, што доведе до воодушевување на присутната публика на Кале.
Второто полувреме започнува со два погодоци на Црнагорците за намалување на резултатот. Манасков игра одличен натпревар, успева да го впише својот осми погодок за нова предност од пет голови разлика 23:18, во 37 минута од дуелот. Прибак во наредните пет минути со својот трет гол ја одржуваа оваа разлика во наша корист. Лазаров и Манасков имаа заедно повеќе од половината постигнати голови на Македонија до 45 минута, до тие моменти Лазаров 7 и Мансков 8 погодоци. Инаку на овој дуел настапивме без Филип Лазаров. Највисоки шест голови разлика 28:22, со погодокот на Прибак. Сепак противникот враќа со три голови во серија, за намалување на резултатот од 28:25 во 49 минута. Со 6-тиот погодок од седум метри, а вкупно 11-ти на Манасков имаме предност од 31:26 на седум минути пред крајот. Умешно ја одржувавме оваа разлика до остатокот на мечот, кој заврши со резултат 35:28
Убедливо најефикасни играчи во нашиот состав беа Дејан Манасков со 12 и Кирил Лазаров со 7 постигнати голови. Утре не очекува нов натпревар со истава репрезентација.