Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕХФ му прекина традиција на Вардар од три години по ред во Келн и шест последователни сезони во осумте најдобри екипи во ЛШ
ЕХФ му прекина традиција на Вардар од три години по ред во Келн и шест последователни сезони во осумте најдобри екипи во ЛШ

ЕХФ му прекина традиција на Вардар од три години по ред во Келн и шест последователни сезони во осумте најдобри екипи во ЛШ

После три последователни години, Вардар за прв пат нема да игра на завршниот турнир во Келн. Моменталната пандемија со корона вирусот беше главната причина поради која ЕХФ реши оваа година на Ф4 турнирот во Келн да играат екипите кои се пласираа на првите две позиции во најсилните групи А и Б, во регуларниот дел од сезоната.

Вардарци изминативе три години редовно беа дел од големиот настан во Келн, а на два пати успеаа да ја освојат и Европската титула. Во 2017 година за прв пат испишавме историја откако го подигнавме скапоцениот трофеј и се искачивме на врвот на Европа. Таа година на завршниот турнир ги победивме екипите на Барселона и ПСЖ.

Во 2018 година повторно се најдовме во Келн и имавме можност за одбрана на титулата, но сепак во полу-финалето бевме поразени од екипата на Монпелје, за потоа во борба за третото место да загубиме и од ПСЖ.

Вардар не застана тука, во 2019 година повторно успеа да се пробие до Келн и да изненади. Иако ни се даваа најмали шанси за освојување на ЛШ, момците на Парондо после неверојатен пресврт ја победија Барселона, за во големото финале да го победат и Веспрем. Тоа значеше и втора Европска круна за црвено-црните.

Оваа сезона, Вардар беше дел од групата А во ЛШ, во која заврши на 6.место во групата. Повторно „судбината“ не спои со Пик Сегед, овој пат во рамките на 1/8 финалето. И кога требаше да се одигра првиот меч во Скопје, започна пандемија низ целиот свет со споменатиов вирус, ракометните првенства се прекинуваа, а ЕХФ ја стопира и ЛШ. Првично беше дуелите да се играат пред празни трибини, но и тоа не помина, па се споменуваше Ф4 со осум екипи, откако ќе бидат одиграни 1/8 финалните мечеви. Сепак и тоа не се случи, за во текот на вчерашниот ден, ЕХФ да донесе и конечната одлука околу тоа кои екипи ќе се борат за трофејот оваа сезона. На Ф4 во Келн за оваа година ќе играат екипите на Веспрем, Кил, ПСЖ и Барселона и тоа ќе се случи на сред новата натпреварувачка сезона, односно на 28 и 29. декември непосредно пред нова година.

На тој начин, на Вардар му се скрати можноста без борба да ги прекине настапите во 1/8. Инаку во претходните шест сезони, Вардар редовно се пласираше во најдобрите осум екипи, традиција која оваа година е прекината.