Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > (ВИДЕО) EYBL: КК Вардар има „бисер“ во 13 годишниот Величковски
(ВИДЕО) EYBL: КК Вардар има „бисер“ во 13 годишниот Величковски

(ВИДЕО) EYBL: КК Вардар има „бисер“ во 13 годишниот Величковски

 КК  Вардар  М14 беше дел од Европската Лига за Млади (EYBL), на  турнирот се играше  во Печуј, Унгарија.  Со одличниот настап и трите победи обезбедивме пласман на третиот – завршен турнир за Централна Европа.

На овој турнир имавме  скор 3:1  исто така идентичен скор имавме и на првиот  во Острава. За целта да биде остварена клучен беше натпреварот против Цибона кој директно одлучуваше која од двете екипи ќе оди понатаму.  Завршниот турнир требаше повторно да се игра во Печуј, од 19 до 22. март, но поради новонастатата ситуација сето тоа се одложи. Вардар го има лидерот по постигнати поени, нашиот Величковски Бојан има просек од 28,67 поени по одигран меч во оваа младинска лига, односно погоди 172.поени на шест меча.

Токму тоа беше потенцирано на  официјална страница на лигата низ   видео. Видео сторијата за Величковски може да ја погледнете на следниот ЛИНК!