Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пред точно една година пред преполниот Јане Сандански, Вардар го „понижи“ Пик Сегед
Пред точно една година пред преполниот Јане Сандански, Вардар го „понижи“ Пик Сегед

Пред точно една година пред преполниот Јане Сандански, Вардар го „понижи“ Пик Сегед

Пред точно една година, на велики четврток, Вардар успеа на домашен терен убедливо да го совлада тимот на Пик Сегед (31:23), во рамките на првиот четврт-финален меч од Лигата на Шампионите.

Ова беше емоционален натпревар за вардарци и за нивните навивачи, дуел кој требаше да биде опростување, со оглед дека сопственикот на клубот најави повлекување непосредно пред одигрување на овој двомеч. Сепак се случуваат и чуда.. Во една неверојатна атмосфера, Вардар им подари голема победа на своите навивачи за велигденеските празници. Долго време, екипата на Пик Сегед одржуваше резултатска неизвесност, која им даваше можност за помирен реванш, но последните десет минути од натпреварот се покажаа како „кобни“ за унгарскиот вицешампион, кој речиси се изгуби пред налетите на вардарци и феноменалната публика.

На „крилјата“ на Карачиќ и Кристопанс, како и одличниот Милосављев на голот, црвено-црните обезбедија висока победа. Сепак не беше лесно ниту во реваншот, без оглед што имавме висока предност, со оглед дека Пик Сегед истата ја стопи уште по првото полувреме. Во вториоот дел, Сегед дури и ја надмина нашата позитива, но Вардар повторно покажа карактер, се врати во игра и на крајот го елиминираше противникот, што значеше и нов пласман за Вардар на Ф4 во Келн, а таму сите знаеме што се случи, Вардар по втор пат ја покори Европа, иако како аусајдер, победи големото вардарово срце.