Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Иле Табаков: Натпреварувајќи се во “Јуниор“ лигата добив можност да бидам дел од пионерите на Вардар Јуниор
Иле Табаков: Натпреварувајќи се во “Јуниор“ лигата добив можност да бидам дел од пионерите на Вардар Јуниор

Иле Табаков: Натпреварувајќи се во “Јуниор“ лигата добив можност да бидам дел од пионерите на Вардар Јуниор

Во новата сезона ќе гледаме нова генерација на ракометниот клуб Вардар, која ја сочинуваат ракометари родени 2004/05 година. Екипата е составена од играчи кои се дел од “Јуниор“ лигата и кои беа препознаени како квалитетни за да го носат црвено-црниот дрес. Еден од нив е Иле Табаков, кој е дел од ракометната школа РК Бисинов од Велес. Иле ќе не запознае со почетоците во ракометот, за настапите во Јуниор лигата, како и за дебитанскиот меч во дресот на Вардар, на натпревар вод пионерската лига.

-Еден ден им соопштив на моите родители дека сакам да се отпишам од кошарка и дека го сакам ракометот, бидејки во кошарката не постигнав успех и решив да пробам други спортови. Започнав да тренирам ракомет од 7 години и тренирав во клубот Борец кој потоа стана РК Бисинов-Вардар, а тренер ми беше Никола Бисинов.

-Иле две сезони беше дел од новиот проект на РК Вардар, “Јуниор“ лигата која има за цел да ги обедини сите школи од цела Македонија.

q7

-Впечатоците од “Јуниор лигата“ се многу позитивни. Се работи за одлично смислен проект на ракометниот клуб Вардар, кој на сите млади ракометари им даде можност континуирано да играат натпревари секоја недела. Преку “Јуниор“ лигата осетивме натпреварувачки карактер, надигрувајќи се со екипи од другите ракометни школи кои се дел од академијата на Вардар, како и желба за победи. Тука беше и другарувањето со деца од другите школи од цела Македонија, со кои ги споделувавме искуствата од натпреварите. 

“Јуниор“ лигата му овозможи на Иле да биде дел од најголемиот клуб во Македонија.

-Кога играш во јуниор лигата добиваш посебна сила која вели дека можеш да станеш дел од Вардар и мене јуниор лигата многу ми помогнаа да стигнам до посакуваната цел. Исто така се заблагодарувам на мојот тренер Никола Бисинов, кој ме научи на основите во ракометот и ми помогна да станам подобар играч.

q8a

На првиот натпревар во пионерската лига, РК Вардар Јуниор славеше во дуелот со екипата на РК Бисинов. Иле успеа да постигне три гола во триумфот на својот тим.

-Јас сум премногу среќен што сум дел од РК. Вардар. Тука секако дека ке добијам ново и поголемо искуство. Нашиот тренер ни соопшти дека ке тренираме во Вардар и ќе се натпреваруваме во пионерската лига. Впечатоците од првата победа се позитивни. Одигравме добар натпревар, на кој до последен момент се боревме да победиме. Нашите очекувања за оваа сезона се мали ,но ќе работиме напорно во текот на целата сезона, како на тренинзите, така и на натпреварите.

Звонко Ивановски