Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на Вардар со шест голови во мрежата на Милано успеаа да се пласираат во 1/4 на купот
Кадетите на Вардар со шест голови во мрежата на Милано успеаа да се пласираат во 1/4 на купот

Кадетите на Вардар со шест голови во мрежата на Милано успеаа да се пласираат во 1/4 на купот

Кадетите на Вардар се пласираа во четврфиналето на купот, откако утрово на теренот на Академија убедливо ја порзија екипата на Милано од Куманово. Црвено-црните доминираа во секој дел од играта и на крајот триумфираа убедливо со резултат 6:0.

vardarfans-1

Тренерот Колев статваше со следниве 11-сетмина: Андов, Радевски, Андоновски, Петковски, А.Младеновски, Илиевски, Благојевиќ, Ѓорѓиески, Филипоски, М.Младеновски, Димов

Првите десет минути од натпреврот поминаа без конкретен обид од страна на двете екипи. До крајот на првиот дел Вардар доминираше на теренот и постојано напаѓаше кон противничкиот гол.Првиот удар го имаше Марио Илиевски кој шутира над голот на Милано. Се заредија шансите пред противничкиот гол. Следни кои се обидоа беа Мартин Филипоски и Милан Благојевиќ, чии удари ги одбрани голманот на Милано. Висеше голот на кумановчани и беше само прашање на време кога ќе го отвориме резултатот. Повторно во шанса се најде Илиевски, но чуварот на мрежат на Милано е најзаслужен што се уште неговиот тим нема негатива. Се обиде и капитенот Ѓорѓиески, кој со глава бие покрај голот.

vardarfans-1-gol

Не можеше вечно да се брани гостинската екипа, па стигна и првиот гол во нивната мрежа. При една мешаница во противничкиот шеснаесетник најдобро се снајде Милан Благојевиќ кој шутира во долниот лев агол од голот на Милано, за воство на Вардар од 1:0. Во продолжение од мечот имавме убава прилика преку Александар Ѓорѓиески кој успеа да се ослободи од неколку противнички играчи, но завршниот удар заврши покрај голот на Милано.

vardarfans-2

Уште една шанса проследивме, повторно за Вардар, кога Филипоски шутираше, а голманот на Милано брани и ја исфрла топката во корнер. Идентично како и на првиот погодок, Марио Младеновски сега успева да зголеми на 2:0 за солидна предност на црвено-црните по првото полувреме.

Измени на стартот на второто полувреме. Во игра влегоа Малик Хасановиќ , Матеј Николов и Давид Ристовски , дододека излегоа А.Младеновски, Филипоски и М.Младеновски. Прва поголема шанса во второто полувреме, од десната страна доби топка Хасановиќ кој шутира, но противничкиот голман го брни ударот. И покрај водството, црвено-црните продолжија со нападите.

vardarfans-nikolov

Набргу ја зголемуваме предноста, а во листата на стрелци се запишува и Филип Андоновски, кој прецизно бие за зголемување на резултатот на 3:0. Благојевиќ доби добра топка од Илиевски, но не успеа да ја претвори шансата во гол. Нова измена во нашите редови, од игра влезе Петковски на негово место во игра е Давид Астарџиев. Стрелецот на третиот гол, Андоновски имаш удар кон голот, но голманот на Милано одбрани, веднаш после него се обиде и Ристовски кој шутира над голот. Само една екипа играше на теренот, гостите не беа ни блиску опасни на денешниот меч, а нашиот голман Андов немаше многу работа. Повторно Андоновски наоѓа позиција за удар и нова одбрана за голманот на Милано, кој е најзаслужен што неговата екипа нема поголема негатива. Добрата игра Андоновски ја крунисува со втор гол за убедливо водство од 4:0.

vardarfans-rados

Петарда во мрежата на Милано, а прв гол денес на мечот за Малик Хасановиќ кој ја заби топката под пречката, за предност веќе од 5:0. Шанса на голот доби и Матеј Величковски, кој го замени Андов. Поради еден прекршок во противничкиот шеснаесетник, судијата оправдано покажа на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше капитенот Александар Ѓорѓиески, кој зголеми на 6:0. Веднаш по голот судијата отсвири крај на натпреварот.

Одлична игра за нашите кадети во текот на целиот натпревар, не дозволувајќи му на Милано да создаде ниту една поголема прилика за гол. Честитки за играчите и тренерот Колев за пласманот во четвртфиналето од купот на Македонија.