Tuesday ,13 April 2021
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рожерио Мораес: Својот сон го живеам во Скопје
Рожерио Мораес: Својот сон го живеам во Скопје

Рожерио Мораес: Својот сон го живеам во Скопје

Пикерот на РК Вардар, бразилецот Рожерио Мораес за престојот во Скопје и можноста да биде дел од европскиот шампион вели дека му е како сон. Презадоволен од односот на тренерот, соиграчите, навивачите и воопшто луѓето во македонскиот главен град.

Веќе една сезона сум во тимот, и на почетокот ми требаше период на адаптација, да го научам системот на игра, да го разберам ракометот подобро. Тренерот ми помогна сѐ тоа да го научам подобро, и сега сум посигурен во својата игра, за да го направам она што тренерот го бара од мене. Ние сме три пивотмени и сите тројца играме. Секој меч е различен, имаме различна стратегија и сите добиваме шанса за игра. Не е важно кој повеќе ќе игра, најважно е да се победи. Го сакам Скопје, не ми требаше долго да се чувствувам како да сум дома. Времето е добро, храната одлична, и ова е град каде има што да правиш. Страста на луѓето за ракометот тука е голема, те сопираат на улица, сакаат да се фотографираат со тебе, да разговараат и сите го разбираат ракометот. Тоа е невозможно за Бразил, изјави Рожеиро во интервјуто за клупската веб страница на „црвено-црните“.

Тој една година откако е во тимот на Вардар, а веќе станува важна алка во тимот кој реди победи оваа сезона во ЛШ и во СЕХА лигата.

Го имаме речиси истиот тим од лани, и тоа ни помага да бидеме уште подобри во одбран и да имаме конзистентен напад. Како одминува времето ќе бидеме уште подобри. Сите посакуваме да се задржат освоените титули. Рано е сега било што да се ветува, бидејќи е почеток на сезоната. Ги имаме истите амбиции како и лани, да ја одбраниме титулата во СЕХА лигата и во ЛШ, иако тоа не е нималку лесно, особено кога претходно си победил. Работите на тоа, и ќе се обидеме и сезонава да бидеме добри.

На прашањето за тоа кој момент ќе му остане во сеќавање од досегашниот престој во Скопје, ги издвои четврт-финалето против Флензбург во Скопје и прославата на европската титула во македонската престолнина по враќањето од Келн.