Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар ја поминаа првата пречка, Колевски и Тодороски донесоа 1/4 во купот
Младинците на ФК Вардар ја поминаа првата пречка, Колевски и Тодороски донесоа 1/4 во купот

Младинците на ФК Вардар ја поминаа првата пречка, Колевски и Тодороски донесоа 1/4 во купот

Вардаровите младинци предводени од Петар Ѓорѓиевски ќе играат во четврфиналето од националниот куп, откако денес на теренот на академијата беа подобри од Милано. Резултатот на овој дуел гласеше 3:2, иако според шансите требаше да биде изразен и со поголема разлика.

ФК Вардар: Велковски, Тодороски, Антовски, Џуклески, Милковски, Наумчески, Јхја, Димоски, Колевски, Маркоски, Ибиши

Уште од стартот на натпреварот Вардар нападна кон противничкиот гол, а прв во прилика се најде Дејан Маркоски, кој од десната страна доби топка од Јахја, но ударот со крајни напори го одбрани голманот на Милано. Се играше 20 минута од мечот кога Бојан Колевски успеа да го отвори резултатот и да му донесе водство на Вардар од 1:0. Се играше претежно на половината на противникот, црвено-црние беа тие кои создаваа конкретни акции и го диктираа темпото на игра. На овој натпревар во стартниот состав се најде десниот бек Тодор Тодороски, кој запиша настапи за првиот тим, на претходните мечеви против Ренова и Пелистер кога ги одигра речиси цел натпревар. Токму младинскиот репрезентативец, Тодороски успева да се запише во листата на стрелци откако како брз “воз“ ја помина одбраната на Милано и пласира во мрежата на противникот, за предност од 2:0.

vardarfans-1

Сепак во следниот напад при едно наше невнимание, гостите од Куманово успеваат да постигнат гол и да го намалат резултатот на 2:1. Вардар имаше добра игра, а Џуклески имаше силен удар од голема далечина, кој за малку оди покрај голот на гостинскитот тим. Врати и Милано на спротивната страна, но сега Велковски го скротува ударот. Бојан Колевски во првиот дел постигнува уште еден гол, откако доби топка во противничкиот шеснаесетник, добро ја прими и биеше силно во голот на Милано, за зголемување на 3:1. Со овој резултат се замина на полувреме, во кое имаше неколку тензични ситуации на теренот, на кој главнот судија покажа неколку жолти картони.

vardarfans-3

Прва измена на стартот на второто полувреме. На местото на Маркоски во игра е Стојановски . Нова конфузија во нашата одбрана што не чини нов погодок во нашата мрежа и враќање на Милано во игра. Гостите од Куманово успеваат да намалат на 3:2. Добра шанса имаше Јахја, но ударот оди над голот на Милано. Истиов играч имаше можност да зголеми, но пречката од голот на Милано беше сојузник на противникот, по што резултатот остана непроменет. Велковски спасува чист гол и израмнување на резултатот, Милано имаше добра прилика од непосредна близина да го израмни резултатот, но Велковски со одлична интервенција спаси гол.

vardarfans-2

Повторно опасност пред голот на гостите, Јахја се отиде, но противничкиот голман брани. Двете екипи наметнаа силно темпо на игра, Вардар беше поконкретен, но и Милано беше опасен. Во игра кај црвено-црните влегува Јовановски, на негово место излегува Џуклески. Антовски од голема далечина од слободен удар бие над голот на Милано. Последниот обид и тоа сериозен го имаше Јахја кој бие од место, топката оди покрај левиот директ од противничкиот гол. До крајот немаше промена на резултатот и мечот заврши со победа на Вардар од 3:2.

После кадетите и младинците на Вардар успеаа да ја поминат првата пречка и да се пласираат во 1/4 од купот на Македонија.