Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Мартин Николоски: Преку “Јуниор“ лига сите деца имаат можност да играат натпревари на едно повисоко ниво и еден ден да заиграат за ракометниот клуб Вардар
Мартин Николоски: Преку “Јуниор“ лига сите деца имаат можност да играат натпревари на едно повисоко ниво и еден ден да заиграат за ракометниот клуб Вардар

Мартин Николоски: Преку “Јуниор“ лига сите деца имаат можност да играат натпревари на едно повисоко ниво и еден ден да заиграат за ракометниот клуб Вардар

Во следниов текст ве запознаваме со Марко Николоски кој игра во “Јуниор“ лигата, за ракометната школа РК Филип-Вардар. Гледајќи ја репрезентацијата и клубовите од Македонија, добил желба да се занимава со ракомет.

-Започнав да тренирам на четеринаесет годишна возраст во ракометниот клуб Филип-Вардар од Прилеп. Желбата за ракомет ми се појави кога за прв пат ги гледав настапите на нашата репрезентција и клубовите.

Како проект кој е во целосна организација на ракометниот клуб Вардар, “Јуниор“ лигата наиде на позитивни рекации од сите ракометни школи кои се натпреваруваат во лигата. Ова беше нешто ново за сите деца кои сакаат во иднина да се занимаваат со ракомет. “Јуниор“ лигата им пружи шанса на сите да ги покажат своите квалитети и да играат голем број на натпревари, како би излегло најдоброто од нив.

-Преку ракометната “Јуниор“ лига сите деца имаат можност да играат натпревари на едно повисоко ниво и еден ден да заиграат за ракометниот клуб Вардар. Моите впечатоци за дебитантската сезона на “Јуниор“ лигата се дека помина многу добро. Одигравме многу натпревари и стекнавме нови искуства.“Вардар Јуниор“ лигата ми помогна да се развијам како играч и преку неа стекнав големото искуство за ракометната игра и тимската соработка, работи кои ќе ми бидат од голема помош понатаму во мојата играчка кариера. 

Николоски е дел од екипата на РК Филип-Вардар со која минатата сезона го освои второто место во лигата.

-За нашата екипа исто така беше ново искуство и пред се голем предизвик. Како член на ракометната школа РК Филип-Вардар и Академија 3 го освоивме второто место, кај генерација родени 2000/01 година. Иако бевме задоволни од постигнатиот резултат, знаевме дека можеме и повеќе од второ место.

Учесниците во “Јуниор“ лигата се следени од тренерите кои работат во младинските екипи на Вардар. Целта е во клубот да се донесат најквалитетните деца од цела Македонија.

-Највпечатливо од лигата е тоа што на крајот од сезоната се организира селекција на играчи. Задоволен сум од залагањето на мојата екипа. Во новата сезона очекувам да  бидеме уште многу подобри и да го освоиме првото место, изјави Мартин Николоски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски