Мечот од регионалната СЕХА Газпром лигата против градскиот ривал Металург во сабота за нашите момци ќе биде последен меч пред домашна публика година. Дуелот со Металург е закажан за в сабота во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански”. Билетите за натпреварот се пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk. Цената е 50 денари. Натпреварот против Металург ќе има и хуманитарен карактер.
Од истиот љубителите на ракометот ќе можат да проследат директен пренос на Македонската радио и телевизија. Државната телевизија дуелот ќе го пренесува на првиот програмски канал.