Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лејно имаше осум одбрани, додека Лакрабер постигна еден гол, во нерешениот резултат на Франција во дуелот со Шпанија
Лејно имаше осум одбрани, додека Лакрабер постигна еден гол, во нерешениот резултат на Франција во дуелот со Шпанија

Лејно имаше осум одбрани, додека Лакрабер постигна еден гол, во нерешениот резултат на Франција во дуелот со Шпанија

Ракометната репрезентација на Франција за која настапуваат две ракометарки на Вардар, Амандин Лејно и Александра Лакрабер во текот на вчерашниот ден го одиграа четвртото коло на СП во Германија. Противник им беше селекецијата на Шпанија, со која ремизираа со резултат од 25:25.

“Триколорите“ и “фуријата“ во еден израмнет натпревар на крајот ги поделија бодовите. Двете репрезентации има период на добра игра, но ниту една од нив не успеаа да се одлепат на разлика поголема од два гола во текот на целот натпревар. По првите 30 минути, Франција имаше минимално водство од 10:11, додека второто полувреме со еден гол пак го доби селекцијата на Шпанија. Амандин Лејно беше на голот на Франција и имаше 8 успешни интервенции, додека Лакрабер постигна само 1 гол.

Двете репрезентции веќе обезбедија пласман во осминафиналето, со оглед дека првите четири пласирани репрезентации од секоја група обезбедуваат пласман во следната елиминациска рунда. Сепак овој нерешен резултат не им одговара ниту на двате репрезентации, со оглед дека во осминафиналето за противник може да го добијат најголеиот фаворит за златото, а тоа е селекцијата на Норвешка, која ќе заврши како првопласирана во групата Б. Денес ќе се одигра последното 5 коло во групите, а Франција ќе има тешка задача за победа, со оглед дека за противник го има тимот на Романија, која со максимални 8 освоени бодови се наоѓа на првото место на табеата, каде таму и ќе заврши без оглед на денешните резултати од останатите натпревари во групата А, додека Шпанија и Словенија во меѓусебен дуел, ќе се борат за втората позиција на табелата.