Вардарци директно од Нант се упатија за Загреб, каде утре го играат 15 коло во рамките на СЕХА-лигата, против екипата на ППД Загреб. Двете екипи имаа свои настапи во Лигата на Шампионите, каде играме во иста група. Вардар беше поразен од Нант, додека Загреб загуби од Пик Сегед.
Во СЕХА-натпреварувањето и Вардар и Загреб имаат обезбедено место на завршниот турнир. Утрешниот натпревар кој ќе се одигра од 20:30 часот можете да го проследите со директен пренос на МРТ-1.