Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар загуби од Мец, но остана на првото место во групата 2, победи и за екипите на ФТЦ и Турингер
Вардар загуби од Мец, но остана на првото место во групата 2, победи и за екипите на ФТЦ и Турингер

Вардар загуби од Мец, но остана на првото место во групата 2, победи и за екипите на ФТЦ и Турингер

Изминатиов викенд се одигра осмото коло во женската Лига на Шампиони. Победи во групата 2, за екипите на Мец, Турингер и ФТЦ Будимпешта.

Вардар го доживеа првиот пораз оваа сезона и тоа на гостувањето против екипата на Нант. Во најголем дел од натпреварот се играше израмнето, а нашите девојки имаа предност од 20:22, кога започна и лошиот период во нивната игра, кога му дозволија на домаќинот да постигне четири голови во серија и да го сврти резултатот во своја корист. До крај бевме немоќни да се вратиме во игра, поради грешките кои ги правевме. Целосниот извештај од овој натпревар можете да го погледнете на линкот, ТУКА. 

Дербито во салата “Морача“ му припадна на тимот на ФТЦ Будимпешта, кој по голема борба го совлада тимот на Будуќност. Во најголем дел од првото полувреме, екипата домашната екипа имаше предност, која не беше поголема од два гола. Најчесто се играше гол за гол на двете страни, а екипите постојано се менуваа во водство. Унгарките во првите три минути имаа минимална предност, за Будуќност да го сврти резултатот и во следниот период во два наврати да има предност од два гола разлика (8:6 и 9:7), за ФТЦ да направи серија од 0:3 и да поведе со 9:10. После истекот на првите 30 минути, на одмор се замина со нерешен резултат од 12:12.

img_2558

Идентична слика и во второто полувреме, кога се играше гол за гол, а во првите десет минути, црнагорките беа во предност, се до 43 минута, кога Ковачиќ и Ван Дер Хејден погодија за предност на ФТЦ од 16:17. Имаа гостинските и два гола разлика, но брзо враќа Будуќност и го израмнува резултатот на 20:20 и тоа на десет минути пред крајот на натпреварот. Гостите од Унгарија се одлепуваат на два гола, за прв пат на натпреварот, кога поведуваат со 22:24, во 56 минута од дуелот. До крајот, Будуќност постигна само еден гол, доволно само да се намали негативата, но победата отиде кај екипата на ФТЦ, која слави со конечен резултат од 23:24. Иако имаше домаќинот 25 секунди за напад, сепак не успеа да постигне гол.

Кај победникот, по 4 голови постигнаа Хафра, Лукас и Пена Абауреа, додека кај Будуќност се истакна Раичевиќ со 8 голови.

Германското дерби во групата убедливо им припадна на Турингер, кои полесно од очекувањата го победија Битигхајм, со резултат од 21:34. Долго време Битигхајм игра без својот најдобар стрелец, како и без уште неколку ракометарки кои имаат значителен придонес во играта. Тоа на најдобар можен начин го искористија нивниот најголем ривал и во првенството, Турингер кој славеше на гостински терен. Иако и двата тима во своите состави имаа само 11 ракометарки, подобро се снајде Турингер, кој од почетокот на мечот наметна силно темпо на игра, кое очигледно домаќинот не можеше да го следи. По првото полувреме исто така имаа водство од 13:17. Во вториот дел само растеше разликата во нивна корист, а слично како и на дуелот со Вардар, така и на овој пред својата публика во вториот дел Битигхајм целосно се изгуби. Со овој триумф, Турингер се врати во борба за четвртата позиција, која носи пласман во четврфиналето.

Кај Турингер, стандардно најдобар стрелец беше Лузумова која постигна 10 голови, додека кај поразените, Лаунрот постигна 5 голови.

Како изгледа табелата после одигрување на ова коло:

1. Вардар  14

2. Мец  12

3. ФТЦ Будимпешта  10

4. Будуќност  6

5. Турингер  4

6. Битигхајм 2