Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нема одмор, Вардар вечерва на дуел против ППД Загреб, во СЕХА-лигата
Нема одмор, Вардар вечерва на дуел против ППД Загреб, во СЕХА-лигата

Нема одмор, Вардар вечерва на дуел против ППД Загреб, во СЕХА-лигата

Нема многу одмор за избраниците на Раул Гонзалез, кои вечерва ги очекува натпревар од СЕХА-лигата против екипата на ППД Загреб. Дуелот е закажан да започне до 20:30 часот, со директен пренос на МРТ-1.

Двете екипи претстојниов викенд имаа натпревари во рамките на најсилната група А од Лигата на Шампионите. Вардар загуби кај Нант, додека Загреб кај Пик Сегед. За разлика од црвено-црните кои се борат за првото место на табелата во ЛШ, ППД Загреб пак е во борба за шесттата позиција, која носи пласман во осминафиналето. Во СЕХА-лигата двете екипи ќе играат растеретено, со оглед дека имаат обебедено пласман на завршниот турнир. Ова ќе биде нивни четврти меѓусебен натпревар сезонава, а претходните три ги доби екипата на Вардар. Два во рамките на Лигата на Шампионите, кога на теренот на противникот славевме со резултат од 23:29, додека пред својата публика исто така бевме убедливи со резултат 28:21. На натпреварот од СЕХА, одигран во Скопје, црвено-црните со нова лекција за шампионот на Хрватска, кој тогаш беше предводен од Касим Каменица и загуби во Јане Сандански (30:23). Загреб се наоѓа на третото место, со учинок од 10 победи, еден нерешен реултат и три порази, додека Вардар е неприкосновен, со дури 13 победи и само 1 нерешен резултат. Двете екипи добро се познаваат и нема некои поголеми изненадувања во играта на двата тима, која може да биде непозната за стратезите на клупата. Загреб игра се подобро под водство на Сарачевиќ, кој во новата година сврза победи во СЕХА-лигата, од кои една беше на гостувањето против Целје, како и на домашен терен против Металург и оној против Нант во ЛШ, кога “плинарите“ го изненадија Нант.

Најдобри стрелци во натпреварување кај двата тима се крилата, кај нас Дибиров, додека кај противникот, капитенот Златко Хорват, кои интересно се наоѓаат на 4 и 5 место на најдобри стрелци во оваа лига. Натпреварите на овие две екипи секогаш носи возбудувања, но и квалитетен ракомет, кој сигурни сме дека ќе го гледаме и вечерва, како загревање за последните мечеви на Вардар и Загреб од групната фаза во најголемото натпреварување.