Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар ДБ и Вардар – Виница со победи во женскиот дел на “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05
Вардар ДБ и Вардар – Виница со победи во женскиот дел на “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05

Вардар ДБ и Вардар – Виница со победи во женскиот дел на “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05

Претстојниов викенд се одиграа натпреварите од шесттото коло во ракометната “Јуниор“ лига. Во неделата на Кале, актуелни беа два натпрвари од женскиот дел кај генерацијата родени 2004/05 година. Победи забележаа екипите на

На натпреварот помеѓу екипите на Драчево и Вардар ДБ, славеше екипата од Кавадарци и тоа убедливо со резултат 7:25. Поведе Вардар ДБ со 0:2, за првиот гол на дуелот да го постигне и Драчево, за намаување на резултатот. Сепак тоа беше се што успеаа да сторат во првото полувреме, бидејќи не успеаа да постигнат ниту еден гол, додека Вардар ДБ со серија од 0:8 на краток одмор заминаа со резултат од 1:10. Продолжи серијата и во второто полувреме, кога резултатот беше 1:13. И во следниот период, доминација на екипата од Кавардарци која ја полнеше мрежата на Делчево. На крајот убедлива победа за РК Вардар ДБ.

РК Вардар -Виница славеше на вториот натпревар од програмата, кај оваа возрасна категорија, во дуелот со Ново Лисиче. По првото полувреме гледавме мал број на постигнати голови, во кое Виница имаше постојано водство, кое највисоко беше до два гола разлика. На полувреме се отиде со резултат 7:6. Победникот беше решен на стартот од второто полувреме, кога Вардар-Виница постигна шест последователни голови и зголемија на 13:6. Немаше сили за тимот на Ново Лисиче да се врати во мечот, најмногу што успеа да стори е да намали на пет гола негатива. До крајот убедлив триумф за Вардар-Виница, кој слави со резултат 22:14.