Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дуелите на ЖРК Вардар против Гевгелија и Овче Поле одложени поради снегот
Дуелите на ЖРК Вардар против Гевгелија и Овче Поле одложени поради снегот

Дуелите на ЖРК Вардар против Гевгелија и Овче Поле одложени поради снегот

Претходно планираните и закажани натпревари од женската лига на ЖРК Вардар против екипите на Гевгелија и Овче Поле се откажуваат поради временските неприлики. Двата дуела според распоредот требаше да се играат денес и утре во С.Ц “Јане Сандански“-Скопје.

Избраничките на Дибирова веќе  во петок игра натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите против Битигхајм, па  натпреварите со Гевгелија и со Овче Поле дополнително ќе бидат закажани. Според планираното, барем засега да се одигра средбата меѓу Гевгелија и Вардар јуниор што треба да се игра на 2 или 3 март. И за тој меч дополнително ќе биде утврдена саатницатa.