Денешниот ракометен супер куп кој е прв во историјата на Македонскиот ракомет ќе можете да го проследите со директен пренос на телевизија Телма. Знаеме дека во него се среќаваат екипите на Вардар и Еурофарм Работник, меч кој ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 17 часот.
Полседните три меѓусебни дуели ги доби токму Вардар, кој важи за голем фаворит во пресрет на овој меч. Ова е можност за прв трофеј и последна проверка на формата на тимот, пред неделниот прв меч од лигата на шампионите, против Висла Плок кој се игра во Полска.