Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во четврток можете да влегувате со ваучери!
Во четврток можете да влегувате со ваучери!

Во четврток можете да влегувате со ваучери!

ФК Вардар објави соопштение околу ваучерите и замената со пластифицирани картички. Во соопштението се вели:

Би сакале да ги информираме дека сите кои поседуваат ваучери кои ги добија при купување на блок билетите за натпреварите од Лигата на Европа, ќе можат со истите да влегуваат на натпреварот со Зенит кој што ќе се игра во четврток (14 септември). Меѓутоа потоа ваучерите ќе мора да ги чуваат и да ги заменат со пластифицирани картички. 

Дополнително ќе следува информација кога точно ќе се заменуваат ваучерите со електронски картички. 

Ваучерите за блок билети за натпреварите од Лигата на Европа се продаваа до недела, а од вчера почна продажбата на единечни билети за мечот со Зенит во четврток.  

Исто така би сакале да информираме дека при купување на билети за малолетни лица, ќе треба да се поседува дополнителна идентификација (ученичка или здравствена книшка), или лична карта од родител/старател.