Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар е освојувач на првиот супер куп на Македонија
РК Вардар е освојувач на првиот супер куп на Македонија

РК Вардар е освојувач на првиот супер куп на Македонија

Вардар е освојувач на првиот супер куп на Македонија. Попладнево во С.Ц. Јане Сандански екипата на Вардар успеа да излезе како победник во дуелот со Еурофарм и на тој начин да влезе во историјата како прв тим кој го освоил супер купот. Очекувана победа за црвено-црните кои имаа водство во текот на целиот меч.

Натпреварот со гол го отвори Јана Војводиќ а истиов играч постигна два од трите гола на Вардар. По првите пет минути резултатот беше израмнет на 3:3, за црвено-црните да постигнат два последователни голови преку Дибиров и Шишкарев и во 6 минута да имаат водство од 5:3. Тренерот Раул Гонзалес натпреварот на бековската позиција го започна со играчи, кои на натпреварите од СЕХА-лигата добиваа помала минутажа. Војводиќ, Македа и Кањелас беа задолжени за постигнување голови од бековските позиции. Како течеше првото полувреме, црвено-црните полека но сигурно ја зголемуваа раликата. На средината од првото полувреме имавме четири голови разлика (12:8) и ово овој дел од мечот по три голови постигнаа Стоилов и Шишкарев. На голот беше младиот Ѓорѓески кој стигна до својата трета одбрана. Битолчани се обидуваа да му парираат на нашиот состав, но сепак разликата во квалитет беше очигледнаа на теренот. Тренерот Бошковски правеше измени со цел да ја најде идеалната седморка на теренот. Одлично прво полувреме имаше и Хорхе Македа кој во 22 минута донесе предност на Вардар од 13:8, а веднаш по него погоди и Дибиров за највисоки 14:8. До крајот на првото полувреме, избраниците на Раул Гонзалес ја зголемија разликата и со голот на Дибиров го завршуваме полувремето со резултат од 19:12

На стартот на второто полувреме на теренот се најде и крилото Мартин Поповски, кој веднаш постигнува гол и тоа два во серија за зголемување на водството, додека нововлезениот Кристопанс со својот прв гол, за прв пат носи двоцифрена предност на Вардар од 22:12. Во игра влезе уште еден млад играч, се работи за Тоше Ончев. На екипата од Битола им требаа шест минути да постигнат гол и да го намалат резултатот. После пропуштените натпревари во СЕГА-лигата, на денешниот супер куп во составот се врати и бразилецот, Фереира кој постигнува гол за водство од 23:13. Во следните пет минути Еурофарм направи серија од 1:3 и го намали резултатот на 24:16 во 45 минута. Добар натпревар и за голманот Даниел Ѓорѓески кој стигна до својата 7 одбрана, додека на спротивната страна, поранашниот голман на Вардар, Градимир Чаневски имаше 13 одбрани. Олјевски кој исто така е поранешен играч на Вардар беше најрасположен за игра кај гостинот и со својот седми гол намали на 26:19 во 50 минута. До својот четврти гол стигна и Кристопанс кој од натпревар на натпревар игра се подобро во црвено-црниот дрес. За достоен пораз избраниците на Андовски успеваат да го намалат резултатот на 30:25.

Најефикасни кај Вардар беа Кристопанс и Македа, кои постигнаа по 4 голови.